Весковски за Сител: Не сум насочен кон мојот противкандидат, верувам во фер и демократска кампања во Карпош

Секојдневно сме со граѓаните трпиме и одредени критики, но мора да ги решаваме проблемите, никој од нас не можеше да ја предвиди пандемијата и ковид кризата во државата која веќе две години ја зафати, апсолутно ги разбираме граѓаните и нивните потреби, но затоа и креираме новите политики, рече во гостувањњто во вестите на Сител, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Карпош и директор на ЈП Водовод и Канализација, Душко Весковски.

-Сметам дека треба да имаме искрен пристап некогаш да го кажеме своето, некогаш и да бидеме критикувани но верувајте дека заедно со оние претставници на централната власт на маалските средби пред се, ги решаваме овие проблеми во тек, рече тој.

Запрашан за тоа кое е мислењето за противкандидадите за градоначалници во општина Карпош тој рече дека верува во една европска, модерна и фер кампања како што доликува за граѓаните на Карпош.

– Тие ќе имаат можност да изберат од другите претставници на опозицијата или пак други кандидати, што е најдоброто за нивната општина, не сум насочен кон мојот противкандидат туку имам еден позитивен пристап кој веќе е претставен на терен и верувам дека во таков дух ќе продолжи кампањата и самите избори и со убедлива победа на СДСМ, порача Весковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e