Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски продолжува со средби со граѓаните во сите делови од општина Карпош.
Денес Весковски беше во Злокуќани.
„Остваривме пријатна средба и разговаравме за:
– можностите за легализација на имотите
– хуманата урбанизација на овој дел од општината
– велосипедската патека Злокуќани – Бардовци
– капиталниот проект за поврзување преку новиот мост на Љубљанска
Сите заедно за најдоброто за нашата општина“, истакна Весковски.