Весковски на средба со жителите на Лептокарија и Тафталиџе – Вети нови паркинг места и нови градинки

Новиот кандидат за градоначалник на општина Карпош Душко Весковски вечерва се сретна со жителите на Лептокарија и Тафталиџе во оваа скопска општина.

-Вечерва одржавме маалски средби во Лептокарија и новиот зелен урбан сквер кај Веро 2. Чувството е секогаш пријатно кога сме меѓу нашите сограѓани, нашите карпошани и карпошанки. Имавме можност да поразговараме со нив и да пренесеме дел од активностите кои планираме да ги превземеме за решавање на нивнте и наши проблеми.
-Нашата програма нуди реално остварливи проекти, а не празни ветувања:
-Решавање на проблемите со паркирањето и обезбедување на доволен број паркинг места за резидентите во Лептокарија и кај Млечен.
-Обнова и реконструкција на градинките и изградба на нови објекти, порача Весковски на средбата со граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e