Велосипедист почина при удар од автобус на патот Делчево-Штип

На 18.01.2018 година околу 16,00 часот на магистралниот пат Делчево-Штип, на надвозникот пред с.Облешево автобус со кочански регистерски таблици управуван од М.М.(60) од Кочани удрил во велосипед управуван од С.Т. (58) од с.Мојанци-кочанско.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, и со возило на Итна медицинска помош бил транспортиран кон Клиничкиот центар во Штип, но на пат кон болница им подлегнал на повредите. Сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e