Велешанец загина во сообраќајка

На регионалниот пат кај с.Извор, велешко, во местото викано „Врановски aнови”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ”, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде и им подлегнал на повредите.

По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e