Велешанец починал откако излетал од патот Градско-Велес

На регионалниот пат Градско – Велес, вчера околу 23:30 часот патничко возило „фолксваген поло“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(57) од Велес излеталo од коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, по чија наредба телото на почнатиот е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e