Помлада девојка попладнево е прегазена на пешачки премин во скопската населба Ново Лисиче. Несреќата се случила на булеварот Видое Смилевски Бато.
На лице место веднаш пристигна возило на Брза Помош.
Огромен број граѓани веднаш пристигнаа на местото на несреќата, а дел од нив и физички го нападнаа возачот, револтирани што прегазил дете на пешачки премин.
Информацијата се уште нема официјална потврда од МВР и не се знае во каква состојба е повредената, но очевидци велат дека додека се чекала увидната екипа на полицијата, сообраќајот се одвивал отежнато по само една коловозна лента.
Извор: Прес24