Во текот на вчерашните вечерни часови особено северните и североисточните предели од државава беа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Од среда па натаму нашата територија целосно ќе подпадне под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса па така и времето целосно ќе се стабилизира кај нас, односно ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слчаб до умерен ветер од променлив правец кој денес повремено ќе засилува на интензитет особено долж Повардарието. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во септември ќе влеземе со стабилно, суво и натпросечно топло време што значи летото ќе продолжи и во новиот месец кој што ни следува.