Во сабота на 28ми Септември со почеток од 18:00 часот на плоштадот “Карпошово востание” во Крива Паланка, културно уметничкото здружение “Карпош” организира “Вечер на изворен фолклор”.
Играорците преку шареноликоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на нашата земја.
Настанот е поддржан од Општина Крива Паланка во рамки на “Кривопаланечко културно лето 2019”.