Михаил Илијевски од Драчево утово тргнал на училише но не стигнал во својата училница. Мајката на социјалните мрежи сподели дека детето утрово се подготвило за на училиште, но од училиштето и јавиле дека Михаил го нема. Очајната мајка апелира на социјалните мрежи до сите граѓани заедно да го бараат детето. Михаил е облечен во маица на кимоно и плави шорцеви. На нозете носи патики најк. Анета апелира до граѓаните и моли за било каква информација. Доколку некој го видел Михаил бара да ја контактираат неа или да пријават во полициската станица Драчево.