Успешен старт на акцијата за генерално чистење на градот „За чиста струмичка пролет“

Успешно започна денеска традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“. Уште од раните утрински часови со повеќе видови на возила и механизација и поголем број вработени Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е на терен во населбите Карпош и Чифлик. Таму се чистат тротоарите и улиците, а се уредуваат зелените површини.

Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ е задоволен и од учеството на граѓаните во акцијата. Дел од нив уште во текот на вчерашниот ден го подготвиле отпадот од своите домови и го изнеле пред куќите за да биде подигнат од возилата на „Комуналец“, а и во текот на денот имало повеќе повици од граѓани на телефонскиот број 034 325 909 за подигнување на разновиден отпад.

Акцијата „За чиста струмичка пролет“ ја организираат јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица, а ќе трае до 23 април. Граѓаните од другите делови на градот навремено ќе бидат информирани која недела ќе се собира отпадот од нивните домови.

17553443_1243263005727127_8713445397826209969_n 17553420_1243263045727123_18188513548101930_n 17499227_1243262989060462_3496594485837430771_n 17499001_1243263085727119_7292170622747800375_n 17498712_1243263235727104_8616944749344627124_n 17426015_1243263069060454_5620145819231379419_n

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e