Украинка отишла на кампување на Попова Шапка и се изгубила

Дваесетиедногодишна Украинка вчера се изгубила на Попова Шапка, но за среќа била пронајдена од полициски службеници.

Според информациите на полицијата таа кампувала на планината со уште две лица, по што тројцата продолжиле со кампувањето.

Драмата се случила завчера, околу 18,30 часот, кога Ф.О. кампувала на планината заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израел.Попладнето до полиција стигнал повик дека таа се изгубила по што отпочнала потрага. Пред стемнувањето полициските службеници успеале да ја пронајдата изгубената Украинка во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка,по што . тројцата, потоа продолжиле со кампувањето“, информираа од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e