Украдени 60.000 денари од црква во Кратово

На 28.02.2020 било пријавено дека во временскиот период од 24. до 28.02.2020 во с.Шлегово-кратовско, непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од црквата „Свето Воведение Богородица“, и одзел околу 60.000 денари.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e