Удрил во овци на пат, па паднал – тешко повреден мотоциклист

На 08.10.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, клучка за с.Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36) од с.Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e