Учениците од 1-во и 4-то одделение од подрачното училиште од с.Мождивњак денеска имаа можност да ја посетат општинската зграда во Крива Паланка.
При посетата на општинската зграда учениците остварија средба и со градоначалникот, Сашко Митовски.
Митовски на учениците од 1-во и 4-то одделение им презентираше кои се неговите надлежности и им посака успешна наставна година.