Ученици во посета на Дневниот центар во Валандово

Учениците од 5-А одделение од ООУ “Јосип Броз-Тито” Валандово, заедно со својата учителка Станка Петрушева, го посетија дневниот центар во Валандово, ја покажаа сопствената хуманост и усреќија неколку дечиња со посебни потреби кои ги користат услугите на истиот. При посетата, учениците од “Јосип Броз-Тито”, на дечињата од дневниот центар им врачија подароци обезбедени од претходно организираната училишна драмска претстава, заедно со нив другаруваа, играа и се радуваа. Ги срушија бариерите и ширеа љубов.

Целта на оваа активност беше да се подигне јавната свест за децата со посебни потреби и да се потенцира потребата од нивна инклузија во заедницата пружајќи им можност да покажат што знаат, умеат и можат. На овој начин се нагласи потребата од продолжување на градење еднакви услови за сите, преку темелен и системски пристап на општеството. Потребата да покажеме големина и да не дозволиме никој околу нас, да се почувствува отфрлен. Затоа што сите сме исти, стои во објавата на Општина Валандово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e