Ученици од Скопје и Крива Паланка беа дел од престижната интернационална програма „Здраво, Русија!“ во Москва

Четворица средношколци од Скопје, Крива Паланка и од општина Ранковце, под менторство на професорката Лариса Жулина Митовски, од 9. до 15. август, беа дел од престижната интернационална програма „Здраво, Русија!“ 2021 година.

235923579_957496448153522_1047699784564411193_nНашите претставници во руската престолнина го развеаа македонското знаме и, заедно со уште околу 700 учесници од 48 земи од светот, беа дел од образовни и забавни настани во најубавите културно -историски места на Москва и Московскиот регион.
Учесниците низ дружба и игра се запознаа со Русија низ историјата и денешната современа Русија.

3Македонскиот тим ги посети зоолошката градина во Москва, Црвениот плоштад и Државниот историски музеј.
Имаа прилика да го проследат живописниот настап во Големиот московски циркус под водство на браќата Запашни, ја посетија Изложбата на достигнувања на националната економија, Музејот на отворено „Коломенское“, паркот „Заријадие и Горки“.

236376181_208060578005466_6398784884618942232_nТие беа дел од книжевната екскурзија „Некрасов и современиците“, а во Московскиот театар именуван по Мосовет во живо го проследија легендарниот мјузикл „Исус Христос – Суперстар“.
На рок концертот „Петок, 13“ учесниците се забавуваа со настап на познатиот руски актер на Сергеј Безруков заедно со неговиот бенд „Кум“. За многумина, беше вистинско откритие дека Сергеј Безруков исто така пее рок со текстови од Пушкин, Есенин, Довлатов.
Учесниците од патувањето во Москва во рамки на програмата „Здраво, Русија!“ се вратија побогати со безброј позитивни впечатоци, емоции и искуства и затоа јавно упатуваат голема благодарност до Претставништвото на „Россотрудничество“ во Скопје при Амбасадата на Руската Федерација и лично до раководителот г-н Артем Румјанцев за безрезервната поддршка.
Ова е одлична можност да се запознаете со разновидната култура на Русија, да научите многу и да се дружите со деца од различни земји во светот, велат организаторите на програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e