46 годишна жена си ја задавила својата мајка во населбата Тафталиџе, а потоа самата одишла и се пријавила во полициска станица.
Според информации на македонската полиција утрово во осум часот и десет минути, четириесетишест годишната скопјанка А.И. отишла во полиција и рекла дека на улицата Ридто Равановски во населба Карпош ја задавила и убила нејзината мајка .
Починатата 74-годишна жена е В.И.
Полицајци отишле на местото на убиството и во домот го затекнале починатото лице, а лекар ја потврдил смртта.
Јавен обвинител наредил обдукција на починатата, а ќерката е задржана во полициска станица.