Жена на возраст од 78 години, е убиена, а други две лица се ранети во Гостивар, дознава Алсат.
Жртвата настрадала во сопствениот дом, а според „Алсат“, сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож.
Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.
Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.
