Убиство во Чаир доцна синоќа

Скопјанецот Јонуз Идризи е убиен, а уште три лица се ранети вчера вечер во Чаир, дознава и пренесва порталот 24Инфо.

Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Идризи бил застрелан пред чајџилница на улицата Браќа Реџепагиќ во близина на супермаркетот „Принц“. Не е познато дали тројцата ранети биле во негова придружба или се напаѓачите.

Неговиот брат Камер, кој во Бутел е познат како Камбер беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството за сега не се познати. Дали е случајност што и Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.

Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена. 24Инфо тогаш пишуваше дека починатиот имал двоен идентитет и дека вечерта бил заведен во полицискиот извештај со лажните документи.

Двајцата биле во „голф 7“ кога дошол црн џип од кој пукале најмалку двајца со „калашникови“ испукале околу 90 куршуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e