Уапсени тројца скопјани кои шетале со ножеви

Полицијата вчера и денеска привеле тројца скопјани кои шетале со ножеви, информираше МВР.

-На 19.02.2022 во 00.05 часот на ул.„Самоилова”, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф.Б.(37) од Скопје затоа што кај него бил пронајден нож.
Час и половина подоцна на ул.„1732″бил приведен скопјанецот А.Е.(20), и кај него бил пронајден нож.

Уште еден вооружен скопјанец бил приведен вчера во 22.30 часот на ул.„Кеј 13ти Ноември”. Станува збор за М.И.(24) од Скопје затоа што кај него бил пронајден нож.

Против сите тројца ќе биде поднесен поднесок по член од 80 од Законот за оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e