Пет лица се приведени вчера попладне во Полициската станица Гостивар поради сомнение за нивна инволвираност во насилство, кое околу 14 часот се случило на регионалниот пат Брана- Маврово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Лишени од слобода се: А.Л.(44), М.Б.(19), 44-годишната А.Н. и 22-годишната К.Б., сите од Скопје и С.М.(52) од гостиварска Лакавица.
-На насилството му претходела сообраќајна несреќа со учество на три патнички возила: „Фолксфаген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Л.(44) од Скопје, „Мицубиши“ со гостиварски ознаки управуван од И.Б.(26) од Гостивар и „Мицубиши пајеро“, исто така, со гостиварски ознаки, што го управувал 26-годишниот гостиварец Б.М., вели Јосифоски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
