Педесет и шестгодишен жител на Скопје е лишен од слобода во прилепското село Слепче, општина Долнени, поради сомнение дека допирал по телото малолетничка од Прилеп, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, приведувањето било извршено на 5 април 2026 година во 22:10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.
Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
