Уапсен гостиварец – ја претепал мајка си и го демолирал домот

Вчеравечер, 16 јули, околу 22 .45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Ж. С., кој пред тоа бил пријавен од својата 66-годишна мајка дека физички ја нападнал и дека ја оштетил покуќнината во домот, известува СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e