Гостиварец, кој беше делод бандата што планирла во Бугарија да пренесе 100 килограми марихуана во декември лани, бил уапсен денеска во Гостивар.
-Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (9март) околу 17 часот и 20 минути, на улица “Светозар Пеповски” во Гостивар , со наредба од Основно јавно обвинителство Скопје, го лишиле од слобода 38-годишниот гостиварец Е.М., поради сомнение за негова инволвираност во случајот од 15 декември минатата година, кога на наплатната станица Глумово беше фатено товарно моторно возило со 100 килограми марихуана.Е.М. извесно време бил во бегство надвор од нашата земја, а денеска, откако е приведен, ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на определениот 30-дневен притвор.
Уапсениот е дел од организирана криминална група од која беа запленети околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра. на возраст од 30 до 47 години, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.
Имено, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., од кои три се од Гостивар и едно од Дебар, набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско, а на 14.12.2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Бугарија.
На 14.12.2021 околу 17.15 часот, од страна на полициските службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.
Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.