Полициски службеници на СВР Тетово денеска по полноќ, околу 01:10 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.М., затоа што при негов и преглед на патничко возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, а во кое се превезувале уште три лица, била пронајдена марихуана.
М.М. претходно не застанал на даден знак од полициските службеници, се обидел да избега, но брзо бил фатен. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.