Уапсен 20-годишник кој ја нападнал бившата девојка

Полициски службеници од Полициско одделение Чегране вчера во 19.30 часот во село Чајле го лишиле од слобода В.Ј.(20) од село Чајле.

Тој претходно физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e