На 23.06.2021 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.„Казанџиска” во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција.
М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е втор инцидент за неколку дена во кој се вмешани турски државјани.
На 21.06.2021 околу 21.00 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски” од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба биле лишени од слобода К.А.(28), Е.М.(29), Е.М.(35), Б.У.(28), Б.М.(33), Н.О.(24), И.В.(35) и Г.С.(30), сите турски државјани.
Според полицијата, осомничените на 17.06.2021 во 18.45 часот, на подрачјето на Центар, физички ги нападнале, К.А.(27), О.Б.(30) и Ф.Н., користејќи и тврди предмети.