Во охридската полиција вчера било пријавено силување, кое се случило неколку дена претходно.
„Во СВР Охрид вчера во 16.30 часот 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22 месецов во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа“, информираат од МВР.
Според податоците на МВР, до јуни месец се пријавени 17 случаи на „силување“ за кои се евидентирани 15 сторители додека пак 19 педофили се обиделе да обљубат деца помлади од 15 години. Оваа бројка е значително зголемена во летниот период откако доста често среќаваме случаи на „силување“ во дневните билтени на МВР.
