Трудовата инспекција ја констатирала причината за смртта на рударот во кривопаланечкиот рудник

До доцна во ноќта траел увидот во рудникот Тораница каде загина рудар а двајца се повредени. ” Трудовиот инспектор констатирал дека се работи за човечки фактор, бидејќи починатиот бил искусен минер. По законот за безбедност при работа испочитувани се сите процедури, вели за ТВ24 Алајдин Хавзиу директор на трудова инспекција.

Сепак, додава дека тоа е првичното сознание а конечниот извештај ќе биде готов за кратко време.
Дополнително, посочува дека истрагата на МВР и на Јавното обвинителство треба да покаже зошто динамитот се запалил предвреме и настанала несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e