Трпковска: Изградивме нова современа градинка во Стајковци која ќе згрижи 140 дечиња, СДСМ постојано вложува во раниот детски развој

Локалната власт во општина Гази Баба предводена од СДСМ заедно со централната власт постојано вложуваат и инвестираат во раниот детски развој, бидејќи за нас грижата за најмладите е врвен приоритет. – порача денеска Сузана Трпковска, претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ Гази Баба.

Токму во таа насока е изградбата на новата модерна детска градинка „Пеперутка“ во Стајковци.

Оваа градинка која е со најсовремени услови за предучилишно згрижување и воспитание се простира на површина од 1.230 квадратни метри, која е енергетски ефикасна и има капацитет да прими повеќе од 140 дечиња.

Градинката содржи шест занимални и две јасли групи, а исто така е направено и партерно и хортикултурно уредување со урбана опрема за рекреација на децата, како и сопствен паркинг простор.

Изградбата на оваа градинка е целосно финансирана со средства на општината, а опремата е набавена со помош на министерството за труд и социјална политика.

Претходно, го проширивме капацитетот на градинките „Морковче“ во Јурумлери и „Калинка“ во Железара.

Влогот во раниот детски развој е клучен за напредокот на секое дете. Затоа посветено работиме и го правиме најдоброто за нашите сограѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e