Три „аудиа“ и два „голфа“ изгореа среде ноќ во Батинци

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e