Третооделенците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ реализираа меѓународен проект за климатски промени

Основците од ООУ Јоаким Крчовски од Крива Паланка зедоа учество во меѓународниот проект „Climate Action Project“.
Нивните активности траеа 6 недели и како завршна активност по повод Climate Action Day во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка се реализираше акција за садење на дрво.

a67b7736-3e98-44d7-855c-c8a70c0220d7-before_plant

Во проектот учествуваа учениците од трето одделение, сите четири паралелки со одделенските наставници: Мирјана Петкова, Јагода Ангеловска, Милица Димитровска и Верка Стоименовска.

Координатор на проектот е наставник ментор Лариса Жулина-Митовски.

Ова е позитивен пример како младите, уште од најмали нозе, се едуцираат за климатските промени и како да го спречат нивното негативнот влијание врз планетата Земја.

d76b9792-9da7-45c2-8dcf-227c030b1762-382614901_65

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e