Трагедија во Скопје: 24-годишна девојка прегазена на пешачки

Во сообраќајната незгода која вечерва се случи во близина на „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, прегазената девојка која загина на местото на настанот имала 24 години, а повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано, велат од МВР за „360 степени“.

„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш. која починала на лице место“, велат од МВР.

Фото: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e