Традиционално „Треш фешн 2018“ во Крива Паланка

Училишниот хол во кривопаланечката гимназија „Ѓорче Петров“, и годинава традиционално, беше локација на едно навистина интересно модно случување. Несекојдневниот перформанс „Треш фешн“ се одржа на импровизирана модна писта каде продефилираа вкупно 11 девојки и ги претставија оригиналните креации кои заедно со своите тимови ги изработија од отпадни материјали.

Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските тенденции кои се реализираат со цел зачувувањето на животната средина, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата како и реупотребата на отпадот.

Нашето училиште живееше со убавината и креативноста на учениците, кои мотивирани да создадат нови нешта од употребени материјали создадоа уметнички креации. Селекцијата се одвиваше во два круга, жири комисијата беше составена од претставници од: совет на родители, училишен одбор и професори, а поради силната конкуренција наградени се четири креации. Важно е да споменеме дека нашата гимназија е најнаградувано училиште во конкуренција на педесетина учесници-школи на државните „Треш фешн“ натпревари, а се надевам и годинава ќе имаме забележителен успех, истакна директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Габриела Стаменковска.

Првото место го освои креацијата „Третиот елемент“ на Божица Граматикова, Горјана Мицевска и Бојана Здравковска, и ќе го претстави училиштето на државен натрпевар на 5 јуни, Светски ден на планетата земја, во Скопје. Работена е од електорнски уреди-таблети, ЦД-а, пластични шишиња, фото-церади од автомобили, картон, гума, а инспирацијата, според девојчињата, доаѓа од желбата да се нагласи важноста на заштита на животната средина.

Проектот, од креативнита идеа, преку изработкита, па се до организацијата на ревијата е заслуга токму на младите креативци, под менторство на академскиот сликар-проф Роберт Цветковски.

-Вредно е да споменеме дека нашето училиште три пати е наградено на државните натпревари, а тоа пак, е мотивација учениците секоја година да бидат што по креативни во изразувањето при реупотреба на материјалите и нивната практична примена, истакна професорот по ликовна уметност, Роберт Цветковски, академски сликар.

Втото место на „Треш фешн 2018“ го освои Тамара Атанасовска, со креацијата „Во пропаста“, а доделени се две трети награди, на креациите: „Демонски волшебник“ на Виктор Ивановски и Кристина Строиманова и „Хартиена принцеза“ на Милена Стојановска.

Претставниците на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка две последователни години, 2014 и 2015, беа третонаградени на „Треш фешн Македонија“, додека во 2012 година добија награда од ученици за ученици.

Општиот впечаток од целокупниот настан е дека сите присутни имаа можност да проследат еден умешно сапакуван моден настан по примерот на светските модни случувања. Колорит на самите креации, но и на лицата на манекенките, избор на најимпресивните рециклирачки материјали и разиграни дезени, уникатни модни додатоци, раскошни тоалети и секојдневни мини модели – така звучи модниот биланс од ревијата Треш фешн 2018.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e