Најголемиот спортски настан во Крива Паланка за ова лето, во чест на истакнатиот културен работник и голем вљубеник во спортот и кошарката, Александар Наковски-Феликс, во организација на Локалниот клуб на Социјалдемократска младина на Македонија од Крива Паланка, ќе се одржи во сабота на 24 Август на спортското игралиште “Партизан” со почеток од 16:30 часот.
Турнирот традиционално се оддржува по 11ти пат, а шест години го носи името на Александар.
Дека овој турнир предизвикува интерес кај кошаркарите покажува и фактот што минатата година за прв пат се напреваруваа и женски екипи, при што секој учесник на свој начин укажа чест на големиот Феликс, кој придонесе многу за развој на културата и спортот во градот.
Беа доделени награди,медали и пехари, како и парични награди и ваучери од локалните стопанственици за најуспешните тимови на турнирот.
Лани првопласирани во женска конкуренција беа девојките од екипата „Ѕверови“, додека најдобри во категорија мажи беше екипата на „Соколи“.
Пријувањето е на самото место во 16:30 часот, екипите ќе бидат составени од 3+1 играчи, учество по екипа изнесува 600 денари.