Познат идентитетот на возачот кој синоќа прегази девојка на пешачки во Струмица. Откако првично побегнал од местото на настанот подоцна тој сам одлучил да се пријави во полициска станица.
Станува збор за И.Ч.(18) од Струмица, кој околу 19.45 часот на крстосница од улиците Ленинова и 4 Јули со автомобил „нисан“ удрил во В.Б.(20) од Русиново. Со тешки телесни повреди девојката прво била пренесена во струмичката болница, а потоа префрлена на клиниките во Скопје.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.