Тимови на СДСМ Велес на средби со граѓаните

Се обврзавме пред Вас граѓаните за промени и нов начин на делување и работењеи тоа го практикуваме . – порачуваат од СДСМ Велес.

Деновиве партијата се консолидира и реорганизира се со цел за подобро делување и сервис за граганите. Локално се направи економска консолидација на општината која имаше огромни долгови кои се подмирени , воедно се започнаа нови проекти во интерес на граѓаните.

Започнатите проекти се финализиират успешно и најкратки можни рокови. Најсвеж пример е пуштање во употреба на Пречистителната станица за отпадни води.

Работевме на стабилизирање од економски аспект, транспарентност , отчетност за трошење на парите на граѓаните но и на забрзување на напредокот на општеството , затоа се започна со враќање на парите на граѓаните како повраток на ДДВ, Зелена нафта за земјоделците ,зголемени плати во градинките,Образовен додаток….

СДСМ како партија даде збор дека ќе е секогаш со Вас граѓаните со цел да го градиме заеднички општеството еднакво за сите и така продолжуваме.

За таа цел од овде започнуваме и со теренски активности и средби со Вас граѓаните, на терен, во маалата, во селата, во урбаните заедници да ве слушнеме и да ги видиме вашите локални проблеми кои треба да се решат.

Тимови на СДСМ, придужувани од партиски носители на функции, советници, пратеници, директори ќе се сретнат со Вас на маалски средби каде ќе разговараме за вашите потреби но и за начинот на решавање на проблемите.

Секој ден, континуирано, нашите претседатели на општински организации, нашите нови тимови заедно со градоначалникот ќе бидат заедно со вас .

Ве покануваме да се приклучете, да бидете гласни, Ние сме тука за да го слушнеме вашиот глас и да делуваме.

За подобар живот на сите, заеднички да ги градиме промените и напредокот на нашата земја. – повика Гоце Серафимов Претседател на ООСДСМ Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e