Тетовец со „голф“ починал возејќи

На 17.03.2021 во 18.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека, додека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј.(52) од тетовски Копачиндол му се слошило и излетал од коловозот.

По незгодата, тој и сопатникот А.И.(62) од истото село биле пренесени во тетовската Клиничка болница, каде што кај Ш.Ј. лекарите констатирале смрт, додека сопатникот завршил со телесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e