Тешко повредено 10-годишно дете откако во него удрила „мазда“

На 24.01.2020 во 21,15 часот било пријавено дека на булеварот “Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило “мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e