Тешко повредена жена во сообраќајка кај Стајковци

Во текот на вчерашниот ден во 16.30 часот во с.Стајковци, скопско, патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(37) од Скопје, удрило во пешакот Б.Р.(71) од с.Стајковци.

Б.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e