И.Х. (35) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако синоќа, управувајќи мотоцикл „Хонда”, изгубил контрола и паднал.
Според МВР, несреќата се случила во 19 часот на улицата „Коста Новаковиќ”.
Мотоциклистот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.