Вчера во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информира полицијата.