Тешко повреден 23-годишник од Ерџелија откако излетал од патот

Вчера во 14 часот било пријавено дека на надвозникот од локалниот пат с.Ерџелија – с.Кадрифаково, патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(23) од с.Ерџелија, излетало од патот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e