(ФОТО) Судар меѓу камион и автобус полн со работници од фабриката „Адиент“ – Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Велес – Мамутчево кога се судриле камион и автобус во кој според неофицијални информации патувале работници од фабриката „Адиент“ Штип.

Од МВР го потврдуваат настанот, велат дека сообраќајката е пријавена во полицијата во 13.20 часот.

За сега нема официјални информации за повредени лица, но на терен се присутни возила на Брза помош. Според очевидци на несреќата има само повредени кои се пренесени во болницата во Штип, меѓу кои е и шоферот на автобусот.
37639571_2470842146262948_2668571019043667968_n

37693347_2470825536264609_7080111376793862144_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e