Тешка сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово, повредени три лица

Три лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16.10 часот на мaгистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атар на с.Ругинце.

Патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(36) од Куманово, излетало од патот и се превртело.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките С.С.(41) и Н.Ј.(56), двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e