На 05.01.2018 година, во периодот од 19.30 до 20.30 часот, на ул. „167“ во Тетово, во куќата сопственост на Л.И. (46), непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел еден пиштол марка „Берета 8000“ калибар 9 мм., кој сопственикот го поседувал со дозвола, разновиден златен накит и четири рачни часовници, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.