Талевски: Екс градоначалникот на Прилеп стана колекционер на кривични пријави за „домаќинското“ раководење

Нема да пропуштам можност да ги потсетам граѓаните и да направам паралела помеѓу 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и 3 годишното одговорно и домаќинско раководење на СДСМ со локалната власт во Прилеп, порача од собраниската говорница пратеникот од СДСМ Миле Талевски.
За три години, локалната власт во Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, изгради и направи повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години. Доказ повеќе е и тоа што, додека Јованоски и СДСМ промовираат капитални проекти од интерес на прилепчани, екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, стана колекционер на кривични пријави за „домаќинското“ раководење со општината во трите мандати. – рече Талевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e