На денот на градот 8-ми Октомври, кога воедно Крива Паланка бележи 75 години одослободувањето се одржаа голем број активности. Една од тие активности беше и пуштање на пешачко-рекреативна патека.
Градоначалникот Мицевски заедно со голем број присутнипретставници и гости од другите збратимени градови свечено ја пушти во употреба патеката водолжина од 868 метри. која се наоѓа на месноста стара вада во Крива Паланка, во урбаниот дел нависоката зона-левиот брег од градот.Патеката беше изградена во рамки на проектот „Туризам без граници“ кој општина Крива Паланкаго имплементираше со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата запрекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, а дел се финансираше и со сопствено учество на општината.
– Проектот во општина Витина исто така ќе бидат извршени инфраструктурни проекти за петобјекти во насока на промоција на туризмот. „Туризам без граници“каде се предвидени и обукиза туризам : еко туризам и онлајн туризам, како и обука за туристички водичи, поставувањеинформативни табли со опис на културно-историското значење на 14-туристички објекти илокалитети во Крива Паланка и студиски посети на Република Црна Гора, Албанија и Србија.
Проектот е со вредност од 83,5 илјади евра,а траеше од 4 јануари 2018 до 4 јули 2019 година.
-Пешачката патека на локацијата Висока зона, стара вада е изградена и опремена ворамките на проектот за прекугранична соработка со Косово. Вредноста на проектот за општина Крива Паланка е скоро 100 илјади евра. Средствата за кофинансирање напроектот во висина од 15% ги обезбеди Министерството за локална самоуправа-речеградоначалникот Мицевски на свеченото пуштање. Тој срдечно се заблагодари за помошта до Министерството за локална самоуправа, посакувајќи вакви соработки да има што повеќе и воиднина.
-Во Североисточниот плански регион, во 2019 година Министерството за локална самоуправа финансира и 13 проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, во вкупнавредност однад 60 милиони денари или над 1 милион евра. Во Крива Паланка со средстваод Програмата за рамномерен регионален развој ќе серегулира коритото на Крива Река водолжина од 300 метри. Министерството за локална самоуправа обезбедува 7 234 000 денари. Сосредства за подрачјата со специфични развојни потреби се подготвува техничкадокументација за изградба на локален пат Крива Паланка-туристички локалитет КалинКамен, во вредност од 1 000 000 денари. Со средства за развој на селата се градиканализација за отпадни води за дел од с.Конопница во општина Крива Паланка.Министерството за локална самоуправа обезбедува 1 850 000 денари. Сите проекти ги финансира Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионаленразвој. Со проектите се решаваат приоритетни потреби на граѓаните-рече на денешното пуштање министерот за локална самоуправа,Горан Милевски, воедно истакнувајќи декаМинистерството за локална самоуправа поддржува проекти кои што произлегуваат одпотребите на граѓаните и ги подобруват условите за живеење во градотно и во руралнитенаселени места кои што сеуште имаат потреба од изградба на патнаинфраструктура,обезбедување на квалитетно снабдување со вода или пак изградба на канализациони системиза одведување на отпадните води.Рамномерен регионален развој значи подобрување и воедначување на условите заживеење на целата територија на државата, без разлика далистанува збор за урбаниили рурални средини. Сите граѓани треба да имаат воедначен пристап до јавните услуги.
Министерството за локална самоуправа е посветено на оваа цел, созголемување набуџетските средства за оваа намена, но и со обезбедување на донаторскаподдршка. Во наредната година 6 милиони евра од Европската Унија веќе се обезбедени за приоритетни и иновативни проекти за општините-истакна Милевски.
Милевски ја нагласи и подготовката на општините за изработка на проектна документацијакоја ќе започне оваа година, а јавниот повик ќе биде објавен во јули или септември нареднатагодина. Министерството за локална самоуправа ги повикува општините да покажат интереси да ги идентификуваат проектните идеи.Министерството за локална самоуправа заедносо Центрите за развој ќе го олеснат процесот, со цел општините да можат максимално да ги искористат средствата што им стојат на располагање.
Вредноста на еден проект ќе биде до 500 илјади евра, што значи дека помалите општини можат да настапат и со заеднички проекти, како исо проекти во соработка со граѓанскиот и со бизнис секторот-изјави Министерот Милевски.