Свечено одбележани 75 години од независноста на Крива Паланка

На денешен ден пред 75 години Крива Паланка беше ослободен.По тој повод денес општината со свечен чин го одбележа денот на независноста.

Имено, денес беа положени цвеќиња на споменикот на паднатите борци од народноослободителната војна, кој се наоѓа пред општинската зграда. На спомен-бистата цвеќе положи градоначалникот на градот,Борјанчо Мицевски заедно со претставници од општинската администрација,Делегација на претставници на Советот на општината предводена од Претседателот Изабела Павловска,Делегација на претставнии од Министерството за локална самоуправа предводена од Министерот Горан Милевски,Делегација на претстваници од Агенцијата за финансиска поддршка  на земјоделството и руралниот развој ,предводена од Директорот Николче Бабовски, Делегација на претставници од Амбасадата на Франција во РС Македонија предводена од Амбасадорот Кристиан Тимоние,потоа претставници од Советничка група на СДСМ ,Делегација на претсавници од Советничка група на ВМРО-ДМПНЕ, Делегација од збратимените општини и тоа општина Млава,Полска,потоа Перечин,Украина, Делегација од општина Жупања, Хрватска, Делегација од Вршац,Србија, каКо и од Лесковац,Србија  и претставници од општина Трговиште.Пред споменикот на паднатите борци се поклони и Делегацијата предводена од Генералниот Секретар на СДСМ,Љупчо Николовски како и претставници од општинската Организација на СДСМ Крива Паланка.Споменативе Делегации беа само дел од денешните гости во градот по повод денот на слободна Крива Паланка.

Во чест на празникот свечено беше пуштена во употреба и пешачко рекреативната патека која се наоѓа во месноста стара вада во Крива Паланка,во урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот.

Воедно во чест на празникот се одржа и свечена академија во Националната установа,Центар за култура во Крива Паланка на која беа доделени осмооктомврсиките признанија и награди.

Свечената Академија ја отвори Триото Џентламен,каде веднаш потоа беше прикажан краток филм за градот Крива Паланка,каде воедно беа претставени сите проекти на кои се работеше изминатата година,но и на оние кои се предвидени во програмата за работа во блиска иднина.

Кога сме кај наградите да напоменеме дека минатата година носител на наградата 8-ми Октомври беше Генералниот секретар на СДСМ,Љупчо Николовски.Оваа година   Наградата “8-ми Октомври” за 2019 година беше доделена  на Прим.ДР.Сретимир Николовски од Крива Паланка за неговото повеќедецениско работење во областа на медицината, кое има големо значење за развојот на општината.

Наградата “Почесен граѓанин на Крива Паланка “за 2019  беше  доделена на Г.Кристиан Тимоние-амбасадор на Република Франција во Северна Република Македонија, во знак на благодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќе годишната соработка помеѓу општина Крива Паланка и Амбасадата на Република Франција, како и негови лични залагања и посветеност во продлабочување на соработката.

Наградата “Признание за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на општина Крива Паланка” отиде во рацете на  младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка за неговите заслуги за промоција , афирмација и достојно претставување на општината, но и на државата надвор од границите во областа на спортот.

Градоначалникот Мицевски врачи и благодарници во чест на успешна соработка и несебично залагање за општина Крива Паланка и тоа на Директорот на ЈП Државни патишта, Господинот Зоран Китанов и на Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој,Николче Бабовски.

Благодарница исто така, беше доделена  на кошаркарскиот клуб” Крива Паланка”, за нивните залагања и достигнувања и успешна досегашна работа  во областа на спортот.

Градоначалникот Мицевски денес задоволно ја искажа честа што на овој голем и значаен ден за Крива Паланка присутни беа голем број на соработници,пријатели од збратимените градови, заблагодарувајќи се што денес успеаа на кратко да ја донесат Европа во Крива Паланка.

-Горд сум на досегашната соработка и успешна работа што ја остваривме за оваа година, верувам дека нашата соработка ќе се продлабочува и во иднина работејќи заедно на остварување на проблемите со кои се соочува градот и граѓаните.Чест ми е што Крива Паланка доби нов модерен изглед, но нема да застанеме тука,продолжуваме да работиме со уште поголем елан и во иднина-додаде Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e